Search

Изработен видео спот за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите

За потребите на Проектот Гевгелија Вело град на АМД Дичо Панов Гевгелија кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во западен Балкан 2 ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) е изработен видео спот за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите.

Видео спотот испраќа порака до сите граѓани и надлежните институции како да ја подигаме свеста за користење на велосипед, како да го  направиме животот поздрав и заштитиме животната околина, како да ги планираме сообраќајните решенија и потреби на велосипедистите, како градот да биде поорганизиран и пријателски привлечен за сите добронамерници  преку зголемување на туристичката понуда и поттикнување на натпреварувачкиот дух кај младите.

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).