АКТИВНОСТИ

Активностите на АМД Дичо Панов Гевгелија за реализација на проектот Гевгелија Вело град продолжуваат со предвидената динамика. Така по завршување на повикот за ангажирање на механизација веќе се отпочнати активности за равнење на делот од полигонот каде ќе бидат поставени препреките кои натпреварувачите во рамки на спортската манифестација (комбиниран натпревар на возење велосипед по Off road патека, трчање и совладување на препреки) ќе треба да ги совладуваат.

На 25.11.2022 година по трасата на дел од велосипедската патека се снимаше и дел од промо материјалот (видео спот) за проектот Гевгелија Вело град кој наскоро ќе биде и објавен.

На 30.11.2022 година во просториите на АМД Гевгелија се одржа и координативен состанок со претставници на Гевгелија Точак клуб на кој се направи пресек на сите досега преземени активности но и се разгледуваа прашања битни за организација на спортската манифестација Гевгелиски Велотлон со посебен акцент на Правилникот по кој ќе се организира натпреварот.

На соостанокот се работеше продуктивно и со посебен ентузијазам во пресрет на трасирањето на првата Off road велосипедска патека и организација на првиот комбиниран натпревар во општина Гевгелија кој во најголем дел вклучува возење на велосипед.

Активностите за трасирање и расчистување на патеката и полигонот ќе продолжат во наредниот период по создавање на поповолни временски услови.

Print Friendly, PDF & Email
Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).