АМД Дичо Панов Гевгелија продолжува со активностите на проектот „Гевгелија Вело град“ кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европска Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Активностите за определување на можен терен каде ќе се одржи главната манифестација Гевгелиски велотлон започнаа на 15-ти а продолжија на 19.09.2022 година.
На 20.09.2022 година се одржа и состанок со претставници на Гевгелија Точак Клуб на кој се разговараше за планираните активности во рамки на проектот како и одржувањето на спортската манифестација Гевгелиски Велотлон.
Веќе на 24 и 25.09.2022 година се направени дополнителни теренски увиди на можната локација за одржување на спортската манифестација Гевгелиски Велотлон при што е направено и првично но не и конечно мапирање на дел од локацијата и патеката каде ќе се одржи натпреварот.
Активностите активно продолжуваат и во наредниот период за определување на простор за поставување на патека со препреки, патека за трчање како и дополнителна патека за возење по Off road патека за велосипеди.




Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).