Search

Божиќна акција

На 08.01.2023 година АМД Дичо Панов и Гевгелија Точак клуб спроведоа божиќна акција за расчистување од вегетација и пробивање на трасата на првата велосипедска Off road патека во месноста Долна Корија што се наоѓа над Негорските минерални бањи.

Во прекрасни временски услови добар амбиент  и мотивираност беа обратотени околу 2 километри од идната вело патека на која кон средината на месец Мај 2023 година ќе се оддржи првиот Гевгелиски Велотлон (комбиниран спортски натпревар возење на велосипед по Off road  велосипедска патека, трчање и совладување на препреки.

Со завршување на овој дел од патеката целосно се истрасира велосипедската патека на која во наредниот период и предстои целосно мапирање, одбележување како и поставување на препреките.

Патеката во иднина граѓаните ќе може да ја користат за рекреативно возење на велосипед, пешачење и трчање.

Проектот Гевгелија Вело град кој го опфаќа и Гевгелискиот Велотлон е проект на АМД Дичо Панов Гевгелија за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите во Општина Гевгелија. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).