Голем интерес на работилницата во ОУ Ристо Шуклев Негорци

На 24.03.2023 година се одржа работилница во ОУ Ристо Шуклев Негорци во рамки на проектот Гевгелија Вело град. Во присуство на 50-тина ученици и нивни наставници на работилницата се работеше во позитивна атмосфера при што учениците пројавија посебен интерес за подигање на свеста на велосипедистите како учесници во сообраќајот, потребата од познавање на сообраќајните правила и прописи, позитивните страни од користење на велосипед за секојдневни потреби.

Посебен интерес учениците и наставниците пројавија за формирањето на една нова рекреативна зона со трасирање на велосипедската OFF ROAD патека, просторот за трчање и препреките кои ќе се постават во меноста Курија а кои се дел од претстојниот спортски настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон особено поради фактот што истата е во непосредна близина на населеното место Негорци и која ѓраѓаните ќе можат рекреативно да ја користат во иднина не само за OFF ROAD возење велосипед, туку и за трчање и пешачење.

На крај од работилницата учениците учествуваа во мини квиз преку блиц прашања од темата за која се дискутираше на работилницата при што преку точните одговори потврдија дека беа активни учесници на работилницата.  

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).