Одржана работилница за велосипедизам во ОУ Крсте Мисирков во Гевгелија

Согласно предвидените активности по Проектот Гевгелија Вело град на 23.03.2023 година се одржа работилница за велосипедизам и во Основното Училиште Крсте Мисирков Гевгелија.

Присутните ученици пројавија посебен интерес за време на самата работилница, истата беше проактивна, на неа присутните ученици преку квиз прашања на крајот од работилницата можеа да одговорат на одредени прашања кои претходно се обработуваа на работилницата.

За посебна пофалба е Основното Училиште крсте Мисирков кое во школскиот двор има голем број на рампи за паркирање на велосипеди, а можевме да се увериме дека учениците за доаѓање на училиште користат велосипед видно од паркираните преку 50-тина велосипеди.

На сите учесници на работилницата им беше поделен и Прирачник за добри практики од областа на велосипедизмот а беше најавен и спортскиот настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон.

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).