Search

Подготовките за Гевгелискиот Велотлон во завршна фаза

Подготовките за првиот Гевгелиски Велотлон влегуваат во завршна фаза. Подготвена е сигннализацијата за патеката а денес 28.04.2023 се отпочна со поставување на пешадиските препреки кои се составен дел на велотлон патеката.

Во текот на наредните два дена 29-30.04.2023 (Сабота од 12,30 а Недела од 10 часот) ќе се организира акција за расчистување на патеката од вегетација, паднати гранки, отпад, а ќе се врши и колчење на патеката.

Ја користиме оваа можност да повикаме на регистрација односно пријавување за претстојниот натпревар во возење на велосипед по Off road патека, трчање и совладување на препреки кој прв пат ќе се организира во Општина Гевгелија.

Бидете и Вие дел од Гевгелискиот Велотлон, победникот ќе биде еден но ВАЖНО е да се учестува !!!

 

Пријавување/регистрација за натпреварот на следниот линк

https://amdgevgelija.mk/gevgelija-velo-grad/

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).