Search

Поставување патокази по велосипедската Off road патека во месноста Курија

Уште една спроведена акција во рамки на Проектот Гевгелија Вело град и спортскиот настан Гевгелиски Велотлон во најава. Вчера 19.03.2023 во една позитивна и спортска атмосфера година од страна на вработените во АМД Гевгелија и носителите на проектот АМД Дичо Панов Гевгелија и ентузијасти од Гевгелија Точак Клуб беа поставени околу 100-тина патокази за велосипедската патека на дрвјата покрај самата патека. Во наредниот период ќе се постават патокази и во оние делови каде поминува патеката а нема во близина дрвја за прикачување на патоказите.

Велосипедската Off road патека која ќе можат да ја користат не само велосипедистите туку и пешаците и останатите спортисти, ќе биде рекреативна зона каде ќе се поминуваат пријатни моменти за релаксација во преубав амбиент.

Деновиве се очекува да го објавиме и денот на одржување на Гевгелискиот Велотлон, наградниот фонд за учество, анимираниот 3д спот, препреките за натпреварот и правилникот за организација и учество на натпреварот.

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).