Search

Работилница за велосипедизам во ОУ Климент Охридски Миравци

Во пријатна атмосфера на 21.03.2023 година во Основното Училиште Климент Охридски Миравци во присуство на ученици од 6-9-ти одделенија како и нивни Наставници се одржа работилница во рамките на проектот Гевгелија Вело град.

На работилницата беа присутни околу 60-тина ученици. На работилницата се укажа на потребата од подигање на свеста уште од најрана возраст за користење на велосипед кај младите и придобивките од користење на велосипед. Се разговараше и за учеството на велосипедистите во сообраќајот, опремата која треба да ја поседуваат, познавањето на сообраќајните правила и прописи. На сите учесници на работилницата им беше поделен и Прирачник за добри практики од областа на велосипедизмот а беше најавен и спортскиот настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон.

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).