На 24.12.2022 година беше спроведена работна акција за трасирање и расчистување од вегетација на дел од off road велосипедска патека на која во текот на месец мај 2023 година ќе се одржи првиот Гевгелиски Велотлон спортски настан од натпреварувачки карактер (возење велосипед, трчање и совладување препреки).
Проектот кој го спроведува АМД Дичо Панов Гевгелија е подржан од Гевгелија Точак Клуб чии членови зедоа учество во акцијата. Активностите за трасирање и расчистување на преостанатиот дел од велосипедската патека продолжуваат веднаш по новогодишните и божиќни празници.