ЧПП
често поставувани прашања
Поволностите се бројни и на задоволство на нашите корисници на услуга.
- 40 км бесплатен шлеп од територијата на Република Македонија за услуга извршена од АМСМ;
- Бесплатно балансирање на 2 гуми во Автосервисот на АМД Гевгелија;
- Бесплатна замена на масло и филтер за масло купени во Автосервисот на АМД Гевгелија;
- Бесплатна замена, балансирање и гратис вентил за гуми купени од Автосервисот на АМД Гевгелија;
- Бесплатна проверка на антифриз и глицерин;
- 20% попуст на услуги за работна рака во Автосервисот на АМД Гевгелија;
- Бесплатен превентивен технички преглед;
Да, законот дозволува возилото да го регистрирате до 30 дена пред истекот на актуелната регистрација. Доколку го регистрирате возилото пред истекот на актуелната регистрација не губите ништо зошто важноста на новата регистрација ќе важи од завршеток на старата региистрација во наредните 365 дена.
Доколку на возилото му е истечена регистрацијата не смеете да управувате со него на јавен пат.
Новите возила првите 2 години се ослободени од технички преглед. Прв технички преглед на возилото се врши на 3-тата година а до наполнување на 8 години старост на возилото прегу една година.
Возилото кое го увезувате треба да исполнува ЕУРО 4 стандард воглавно тоа се возила произведени по 2006 година (регулатива на сила до моментот на објава на овој текст 17.07.2023).
Во таков случај за техничката неисправност на моторното возило ќе се издаде Записник за технички неисправно возило а сопственикот со записникот ќе се задолжи да ги поправи техничките недостатоци наведени во записникот во рок од 30 дена.
Да, во таква ситуација технички преглед на возилото може да извршите во станица за технички преглед во градот во кој се затекнало возилото но за да се заврши процесот на регистрација со документацијата од извршениот технички преглед и сообраќајната дозвола на возилото се прави комплетирање на документацијата за регистрација во регистрационото подрачје каде е регистрирано возилото со што и со заверката на сообраќајната дозвола се завршува процесот на регистрација на возилото.
Секој корисник на услуга во АМД Гевгелија може да се саморегистрира на системот за корисничка поддршка со што во секое време ќе може да се информира за цената на регистрација на возилото. Саморегистрација на системот за корисничка поддршка може да се изврши на следниот линк https://amdgevgelija.24×7.mk/Account/Login.aspx
Во станицата за технички преглед може да се снабдите со задолжително осигурување од Автомобилска Одговорност (АО), зелен картон, каско осигурување и патничко осигурување;
Автомобилската одговорност ја осигурува одговорноста на сопственикот на возилото ако при сообраќајна незгода по своја вина-одговорност им нанесе штета на трети лица. Во таков случај од осигурувањето на возилото кое предизвикало штета се исплатува надомест за причинетета штета на оштетеното возило.
Полисата за Автомобилска Одговорност (АО) ги покрива трошоците доколку нанесете штета на трето лице (под условите на осигурување – да не сте биле под дејство на алкохол или да не сте конзумирале психотропни супстанци). Доколку сам го оштетите возилото Полисата за Автомобилска Одговорност (АО) не ги покрива трошоците за поправка на возилото. Во таков случај за да Ви бидат покриени трошоците за поправка на возилото треба да имате КАСКО осигурување.
Во таков случај доколку причинетата штета е од помал обем а возилата се во возна состојба, и доколку нема тешки телесни повреди двете страни инволвирани во сообраќајната незгода пополнуваат Европски записник. Оштетената страна пополнетиот Европски записник го доставува во осигурителната компанија каде е осигурано возилото кое ја предизвикало штетата заради надомест на причинетата штета.Но доколку причинетата материјална штета е од поголем обем, возилата се во невозна состојба или има тешки телесни повреди тогаш се повикува полиција која составува полициски записник од сообраќајната незгода.
Доколку патувате во странство задолжително Ви се потребни зелен картон и меѓународна возачка дозвола. Препорачливо е да имате и патничко осигурување. Доколку патувате со туѓо моторно возило потребно е да имате и Дозвола за управување со туѓо моторно возило во странство.
Да, согласно меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата усвоена на 8.11.1968 година во Виена е пропишано дека за патување во странство Ви е потребна Меѓународна возачка дозвола за патување во странство. Дозволата покрај на Македонски јазик е изработена и на уште 5 странски јазици за истата да биде разбирлива во цел свет. Меѓународна возачка дозвола не е потребна само за патување во земјите со кои Република Македонија има склучено билатерален договор за признавање на националните возачки дозволи.
Максималната важност на Меѓународната возачка дозвола е 3 години. Но доколку Вашата национална возачка дозвола истекува за 1-на година тогаш максималната важност на Меѓународна возачка дозвола ќе биде 1-на година зошто таа се издава врз основа на важноста на националната возачка дозвола.
Доколку сакате да патувате во странство со туѓо моторно возило во тој случај Ви е потребна Дозвола за управување со туѓо моторно возило во странство.
Максималната важност на Дозволата за управување со туѓо моторно возило во странство е 1-на година. Но истата може да се издава и на пократок рок во договор помеѓу сопственикот и корисникот на возилото.
Потребна му е Дозвола за управување со туѓо моторно возило, потребни документи лична карта од сопственикот, пасош од корисникот, сообраќајна дозвола од возилото кое се дава на користење и лично присуство на давателот и корисникот на возилото.
Во случај на потреба од помош на пат може да се обратите во Call центарот на АМСМ. Доколку барате помош на пат од територијата на Република Македонија свртете 196 од Вашиот обичен или мобилен телефон. Но доколку сте во странство и барате помош на пат свртете 0038923181196 од Вашиот мобилен телефон.
При регистрација на возило може да се снабдите со Членство во АМСМ. АМСМ Classic членството е наменето за помош на пат во Република Македонија а АМСМ Premium членството е наменето за помош на пат во цела Европа. Повеќе за можностите кои ги нудат овие членства на следниот линк —————————————————–
Секоја преправка различна од фабричката подлежи на АТЕСТ. Доколку сте ги затемниле стаклата најпрво треба на техничкиот преглед со записник да се утврди дека стаклата се затемнети. Врз основа на записникот МВР издава упатница за АТЕСТ врз основа на што во техничкиот преглед возилото се документира со мерење на затемнетите стакла. Доколку затемнестота на стаклата е во дозволените вредности се издава документ врз основа на кој МВР затемнетоста на стаклата ја впишува во сообраќајната дозвола на возилото.
Законот дозволува максимална затемнетост на ветробранското стакло до 25%, на предните бочни стакла до 30%, а на задните бочни и задното ветробранско стакло до 100% доколку возилото поседува 2 ретровизора;
Вградениот плински уред е преправка на возилото. На уредот треба да се изврши АТЕСТ а возилото не смеете да го управувате додека не се изврши негов АТЕСТ и впише во сообракајната дозвола на возилото.
Доколку сте вградиле плински уред во возилото најпрво треба на техничкиот преглед со записник да се утврди дека на возилото е извршена преправка односно вграден плински уред. Врз основа на записникот МВР издава упатница за АТЕСТ врз основа на што во техничкиот преглед се врши проверка на вградениот плински уред истото се документира и доколку вградениот плински уред ги задоволува бараните стандарди се издава документ АТЕСТ врз основа на кој МВР вградениот плински уред го впишува во сообраќајната дозвола на возилото.
Вградената влечна кука на возилото подлежи на АТЕСТ. Најпрво треба на техничкиот преглед со записник да се утврди дека на возилото е извршена преправка односно вградена влечна кука. Врз основа на записникот МВР издава упатница за АТЕСТ врз основа на што во техничкиот преглед се врши проверка на вградената влечна кука истото се документира и доколку вградената влечна кука ги задоволува бараните стандарди се издава документ АТЕСТ врз основа на кој МВР вградената влечна кука ја впишува во сообраќајната дозвола на возилото.
Возилото мора да биде прегледано за да се направи дефектажа, ќе ви се понуди цена за работна рака и делови.Доколку го потврдите сервисот се врши нарачка на деловите (кои ги обезбедуваме за 24 часа) и се закажува термин за сервис на возилото.
Не, напротив старите гуми бесплатно се демонтираат, новите гуми бесплатно се монтираат, бесплатно е нивното балансирање и бесплатен е вентилот за секоја купена гума.
Во Станицата за технички преглед освен технички преглед на возилото може да се снабдите со задолжителното осигурување од Автомобилска Одговорност (АО), Зелен картон, патничко и каско осигурување, Меѓународна возачка дозвола и Дозвола за управување со туѓо моторно возило во странство, Членство во АМСМ за помош на пат, пробни таблици, Цемт сертификати, Потврди за техничко експлоатациони услови, Атести за фолии плин и кука, —————
Во автосервисот на АМД Гевгелија може да користите вулканизерски услуги, центрирање на преден и заден трап, равнење на дисковите на лице место, дополнување на клима уредот со фреон, заварување на алспух, комплетна поправка на подвозјето, дијагностика, мал сервис за замена на улје и филтри—————
Автосервисот располага со 18 брендови на моторно масло и филтри за мал сервис на возило, исто така располага со гуми од познати брендови. Доволно е само да се закаже термин кој Вам Ви одговара и извршите избор на моторно масло и гуми.