ДАЛИ ЗНАЕВТЕ
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека во текот на регистрационата година може да извршите бесплатен превентивен технички преглед на Вашето возило. Доколку сметате дека има промени на Вашето возило или треба да патувате на подолг пат превентивниот бесплатен технички преглед ќе се изврши на Ваше барање.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека со технички преглед и регистрација на Вашето патничко моторно возило во Станицата за технички преглед на АМД Гевгелија може бесплатно да користите услуга од вкупно 40 км бесплатен шлеп од цела територија на РМ во случај на дефект или сообраќајна незгода. Се што треба да направите е да побарате помош од АМСМ на телефонскиот број 196. Трошокот за 40-те километри го покрива АМД Гевгелија а останатата километража над 40 километри сопственикот на возилото.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека со извршен технички преглед и регистрација на Вашето патничко моторно возило во Станицата за технички преглед на АМД Гевгелија добивате бесплатно балансирање на 2 гуми.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека во Станицата за технички преглед на АМД Гевгелија освен Осигурување за автомобилска одговорност (АО полиса) и Зелен картон може да се снабдите и со Каско осигурување, патничко осигурување и осигурување за вашиот имот.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека АМД Гевгелија единствено во Македонија има софистициран софтвер за КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА. Овој софтвер бесплатно можат да го коритат сите корисници на услуга во Станицата за технички преглед и Автосервис на АМД Гевгелија. Се што е потребно е да се саморегистрираат со најава на web страната на АМД Гевгелија www.amdgevgelija.mk со влез во иконата за КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека единствено во Гевгелиско-Валандовскиот регион Станицата за технички преглед на АМД Гевгелија има сопствена техничка служба за Единечно одобрување на возила, Одобрување на преправени возила за враден плински уред, фолии на стакла, приклучен уред-кука, втиснување н идентификациски ознаки на возила, инспекција на аналогни, дигитални/СМАРТ тахографи, инспекција на возила за подготвеност за сообраќај (ЦЕМТ) и инспекција на возила за исполнување на техничко експлоатациони услови (ПТЕУ).
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека единствено во Станицата за технички преглед на АМД Гевгелија може да се снабдите со Членство во АМСМ за поддршка и помош на пат на територијата на Македонија и Европа. Се што треба да направите е да побарате Членство во АМСМ при регистрација на Вашето возило.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека стручната служба во Станицата за технички преглед вработува дури 5 инженери од машинска, сообраќајна и електро струка што е гарант за стручност, компетентност и квлитетна поддршка на нашите корисници на услуга.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека за користење услуга за патнички моторни возила во Автосервисот на АМД Гевгелија Ви се одобрува попуст од 20% на работна рака. Софтверот во Автосервисот по автоматизам за регистрираните возила во Станицата за технички преглед одобрува 20% попуст и оваа услуга може да се користи неограничен број пати во регистрациониот период за сите возила кои се регистрирани во Станицата за технички преглед.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека купеното моторно масло и филтер за масло од АМД Гевгелија бесплатно се заменува во Автосервисот на АМД Гевгелија. На корисниците на услуга во Автосервисот на АМД Гевгелија им се достапни дури 19 брендови на моторни масла ARAL, CASTROL, ELF, ENEOS, TOTAL, MOBIL, GM, FORD, PETRONAS, EUROLUB, REPSOL, COSMOS, VOLKSWAGEN, MERCEDES, FORD, SELENIA, MOTUL, PANTHEROL, VALVOLINE, како и филтри за моторно масло од програмата на FILTRON.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека купените автомобилски гуми бесплатно се заменуваат и балансираат во автосервисот на АМД Гевгелија. Дополнително за секоја купена и монтирана гума следува и гратис бесплатен вентил.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ дека единствено во автосервисот на АМД Гевгелија се врши равнење на изабени дискови на лице место. Со специјален уред кој се монтира директно на дискот се врши негово равнење а постапката трае околу 20 минути за еден диск.