Возилото се пријавува во регистрационото подрачје односно местото на живеење на сопственикот на возилото.
Постапката за пријава на возилото е следна:
– Новиот сопственик со одјавената сообраќајна дозвола во неговото место на живеење најпрво на шалтерот во МВР врши проверка дали возилото е одјавено од старото регистрационо подрачје;
– Доколку возилото е одјавено, истото може да се регистрира во новото регистрационо подрачје односно местото на живеење на новиот сопственик;
– Новиот сопственик врши уплата на средства (на шалтерот во МВР, во банка или пошта) за нови регистарски таблички и сообраќајна дозвола и со регистарскиот број се упатува во Станицата за технички преглед каде се изготвуваат документите за пријава на возилото во новото регистрационо подрачје;
– Со изготвените документи во Станицата за технички преглед новиот сопственик се упатува на шалтерот во МВР за изготвување на нова сообраќајна дозвола;
Потребни документи за пријава на возилото се:
- Сообракајна дозвола од возилото на која има заверка од МВР дека возилото е одјавено од старото регистрационо подрачје (се дава на увид на шалтерот на МВР во новото регистрационо подрачје);
- Купопродажен договор заверен на нотар;
- Барање за пријава (се изготвува во АМД);
- Уплата од 1400,00 денари МКД на сметка на буџет на РМ (1200,00 МКД за регистарски табли и 200,00 МКД за сообракајна дозвола);
- Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
- Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено правно лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го пријави моторното возило.