Search

Регистрација на ново возило

Што значи ново купено возило? Ново купено возило е возило кое претходно не било регистрирано ниту еднаш во било која држава.

Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши технички преглед на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Постапката за регистрација на ново купеното моторно возило е следна:
– Сопственикот се упатува во Станицата за технички преглед на АМД каде врз основа на документите од фактурата и хомологацијата се врши идентификација на возилото и се врши технички преглед на истото;
– На шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД, за сопственикот се пополнува барање за регистрација;
– Со изготвените документи во Станицата за технички преглед сопственик се упатува на шалтерот во МВР за изготвување на сообраќајна дозвола и издавање регистарски ознаки (таблици);

Потребни документи за регистрација на ново купено моторно возило се:

  • Фактура за купеното моторно возило;
  • Согласност за регистрација или Потврда за сообразност (хомологација);
  • Барање за регистрација (се изготвува во АМД);
  • Царинска декларација односно потврда за платени царински давачки;
  • Сметка или вирмански налози за платени надоместоци за регистрација;
  • Полиса за осигурување од автомобилска одговорност за моторното возило;
  • Уплата од 1200 МКД за регистарски таблици, 200 МКД за сообракајна дозвола и 100 МКД за административна такса на сметка на буџет на РМ;
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го регистрира моторното возило.
РЕГИСТРАЦИЈА
034 218 987

Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши регистрација на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Бесплатни услуги

Со извршен технички преглед на ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО  корисниците на услуга ги добиваат следните бесплатни услуги:

  • Превентивен технички преглед во текот на регистрационата година (Важи за сите категории на возила);
  • Бесплатен шлеп до 40 км за дефектно или оштетено возило во сообраќајна незгода од цела територија на Р.Македонија за услуга користена од АМСМ;
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми;
  • Бесплатна замена и балансирање на гуми купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна замена на филтер и масло за мотор, за филтер и масло купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • 20% попуст на работна рака за услуги користени во автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин;

Услугите може да ги користите во зависност од Вашите потреби. Со користење на бесплатните услуги на годишно ниово може да заштедите до 4.000,00 денари;