Сопственикот на увезеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши технички преглед на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.
Постапката за регистрација на увезено(половно) моторно возило е следна:
– Сопственикот на увезеното моторно возило со документите од истото се упатува во Станицата за технички преглед на АМД врз основа на кои се врши идентификација на возилото и доколку не поседува хомологација се започнува процедура за истата, по изготвувањето на хомологацијата се врши технички преглед на возилото;
– На шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД,за сопственикот се пополнува барање за регистрација;
– Со изготвените документи во Станицата за технички преглед новиот сопственик се упатува на шалтерот во МВР каде ги предава документите за проверка преку Интерпол па откако ќе се добие потврден одговор од Интерпол следува издавање на сообраќајна дозвола и регистарски ознаки(таблици);
Потребни документи за регистрација на увезено моторно возило се:
- Странска сообраќајна дозвола од моторното возило (со превод од овластен судски преведувач и нотарска заверка);
- Фактура или купопродажен договор за увезеното моторно возило (со превод од овластен судски преведувач и нотарска заверка);
- Царинска декларација односно потврда за платени царински давачки;
- Потврда за сообразност или Согласност за регистрација (хомологација);
- Барање за регистрација (се изготвува во АМД);
- Сметка или вирмански налози за платени надоместоци за регистрација;
- Полиса за осигурување од автомобилска одговорност за моторното возило;
- Уплата од 1200 МКД за регистарски таблици, 200 МКД за сообракајна дозвола и 100 МКД за административна такса на сметка на буџет на РМ;
- Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
- Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено правно лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го регистрира моторното возило.