Search

Услуги

НАШИОТ АВТОСЕРВИС НУДИ

Поновите возила во себе содржат повеќе копијутери кои го прават возењето поудобно, побезбедно, поекономични итн. Секој компјутер за време на возењето ги отчитува податоците од сензорите во случај да се приметат одредени грешки истите се запишуваат во меморијата со кодните ознаки и проблеми на возилото.

Вообичаено доколку возилото има проблеми на контролната табла од возилото свети сијаличка која укажува дека возилото има проблем кој мора да се отстрани.

Автосервисот на АМД Гевгелија располага со најсовремен автодијагностички уред TEXA со кој ваквите проблеми се детектираат по што стручниот персонал ве информира за постапката за нивно отстранување или поправка на автомобилот.

Автодијагностирањето на возилата кои имаат регистриран статус во АМД Гевгелија се врши со 20% попуст од редовната цена за автодијагностика.

Во автосервисот на АМД Гевгелија со опрема на реномираниот германски производител BEISSBARTH се вршар услуги за монтажа и демонтажа и балансирање на автогуми со димензија од 12-22(инчи) на патнички и лесни комерцијални возила.

Во автосервисот се врши лепење на тубурлест гуми со чепови и лепенки.

Монтажа, демонтажа на гумите на возилата со регистриран статус се врши со попуст од 20% од редовната цена за монтажа и демонтажа на гуми.

 

Редовната замена на моторното масло и филтерите на едно возило се од голема важност за заштита на моторот на возилото и неговата оптимална работа.

Автосервисот на АМД Гевгелија имајќи го во предвид различните потреби на сопствениците на моторни возила располаа со моторни масла од брендовите Aral, Castrol, Elf, Eneos, Total, Mobil, GM, Ford, Petronas, Eurolub, Repsol, Cosmos, Phanterol, Valvoline, Mercedes, Volkswagen.

Сервисот располага и со филтри за масла, гориво, воздух и полен.

Во автосервисот на АМД Гевгелија може да се закаже редовен мал сервис за промена на масло и филтерите на возилото на телефон 034-611-987.

Замената на маслото за мотор и филтерите купени од продажниот салон во автосервисот е бесплатна.

Нашиот тим од професионални автомеханичари со долгогодишно искуство ќе извршат комплетен прегледно и проверка на подвозјето на вашиот автомобил, бидете сигурни дека ќе ви са укаже на недостатоците и ќе ви се дадат стручни совети, по потреба деловите ќе ви бидат заменети , и ќе почуствувате дека автомобилот сте го донеле на сервис на вистинското место.

Дополнително возилата со регистриран статус во станицата за технички преглед на друштвото добиваат 20% попуст на работна рака за возилото кое го сервисирате.

Затоа заборавате на грижата околу сервисирањето на вашиот автомобил, одберете квалитет, сигурност и име. Закажете сервис на телефон 034-611-987 Автосервис АМД Гевгелија.

Услигата за системот за одвод на издувни гасови е да ги одведува гасовите од согореното гориво надвор од возилото. Освен што ги одведува издувните гсови надор од возилото ја смалува буката која се создава при нивното согорување.

Системот за адвод на издувни гасови се состои од издувна грана, предна цевка, катализатор, филтер за крути честички кај дизел моторите, среден лонец, задна цевка и заден лонец. Деловите кои се поблиску до моторот се пооптеретени. Улогата на катализаторот е чисто еколошка при согорувањето на гасовите во него температурата достигнува 900 степени целзиусови а на лонците да ја смалат буката од автомобилот.

Сериозен проблем поради високите температури кои се создаваат при согорувањето на издувните гасови е кондензацијата при што се јавува доста влага која предизвикува кондензација како битен фактор при појава на дефекти на издувниот систем на кој посебно се склони лонците на автомобилот.

Во автосервисот на АМД Гевгелија се вршат поправки на системот за одвод на издувни гасови, замена на катализатор, заварување на лонец на издувниот сисем.

Многу битен елемент при управувањето со возилото е правилната геометрија на тркалата. Правилната геометрија овозможува поголема стабилност и полесно управување со автомобилот, намалена потрошувачка на гориво, заштита на пневматиците од абење.


Подесувањето на геометријата на тркалата се прави на технички исправно возило односно возило на кое нема зазори (луфта) помеѓу еластичните врски на подвозјето, а пневматиците мора да бидат со соодветен притисок деклариран од производителот на возилото.


Вообичаено подесувањето на геометријата на тркалата се прави после помината одредена километража (15000 километри) кога под дејство на вибрации и удари кај позицијата на тркалата доаѓа до отстапување од идеалните геометриски вредности или кога се менуваат елементи од еластичните врски на подвозјето (спони, јабучици, виљушки, амортизери и слично.


Во автосервисот на АМД Гевгелија за патничките возилата кои имаат извршено технички преглед во станицата на друштвото може да се користи услуга ласерско центрирање на преден и заден трап со 20% попуст од редовната цена на услугата.
Ласерското подесување на геометријата на тркалата го врши стручно лице со најсовремена машина Beisbarth.

Конфорт при управување со автомобилот посебно во услови на високи надворешни температури е битен елемент, оттука битна е внатрешната температура во копкитот на автомобилот што овозможува со исправен и полн со фреон сисстем за ладење.
Автосервисот на АМД Гевгелија располага со уред за дополнување со фреон во системот за ладење на

автомобилот.

Светлосните и светлосните-сигнални уреди на возилото се битен елемент во безбедноста при управување со автомобилот. Неисправна односно прегорена сијаличка на светлосните уреди ја згрозува безбедноста при управување со автомобилот во ноќни услови, не помалку важни се и сигналните сијалички со помош на кои учесниците во сообраќајот комнуницираат помеѓу себе.

АМД Гевгелија располага со сијалички кои можат брзо да се променат во автосервисот.

Многумина од нас сметаат дека антифризот се користи само како течност против смрзнување на разладниот систем на моторот на автомобилот во зимски услови. Но, неговата улога не е само таа туку е и да овозможи квалитетно ладење на моторот на автомобилот и да го штити од прегревање. Антифризот го штити моторот и системот за ладење од корозија и ги подмачкува елементите на системот за ладење составени од пластични алуминиумски, силиконски и други метални материјали.
По достигнување на работна температура и отварање на термостатот пумпата ја раздвижува разладната течност-антифризиот во системот за ладење (ладилникот, цревата, блокот и главата на моторот).

Анифризот за разлика од водата (која во системот за ладење создава калцификат и корозија) има ниска точка на смрзнување и висока точка на вриење во зависност од припремата на разладната течност (антифриз и дестилирана вода). Чистиот етилен гликол има точка на смрзнување од -12 степени целзиусови но мешавината во сооднос 60% етилен гликол (антифриз) и 40% дестилирана вода има точка на смрзнување од -45 степени целзиусови додека точката на вриење му е околу 130 степени целзиусови.
Во зависност од годината на употреба и технологијата на производство антифризот носи различни ознаки G11 со плаво зелена боја за возила произведени од почетокот на 90-тите години и рок на замена до 3 години, G12 со црвена боја и рок на замена до 5 години, G12+ со црвено љубичаста боја боја и неговиот заменик G12++ каде точката на вриење оди до 135 степени целзиусови и G13 стандард за антифриз од 2010 година кој одговара за сите понови автомобили.
Автосервисот на АМД Гевгелија располага со уреди за мерење на точката на мрзнење на течноста во рзладниот систем на моторот на автомобилот.

Главната улога на глицеринот во системот за кочење на автомобилот е да го пренесе притисокот од главниот кочионен цилиндар до кочионата шепа односно плочки кои го успоруваат или стопираат дискот а со самото тоа и автомобилот. 

За правилно да ја извршува својата функција глицеринот не смее да биде испарлив, мора да има антикорозивно и подмачкувачко дејство, мора да биде отпорен на високи температури, да впива што е можно помало количество на влага, да го држи вискозитетот на поголем распон на температури, не смее да се смрзнува нити да има нагризувачко дејство во контакт со гумени и пластични делови од кочниот систем.


Но и покрај овие барања глицеринот има свои мани со тек на време старее и впива вода поради тоа што кочиониот систем не е 100% и херметички затворен со што ги губи антикорозивните својства предизвикува корозија на клиповите а содржината на водата ја смалува способноста за кочење.

Триењето при кочењето предизвикува топлина која се пренесува до глицеринот при што неговата температура расте над 1500С а тампературата на вриење зависи од видот на глицеринот. Така кај глицеринот со ознака ДОТ 3 точката на вриење е на 2050С, ДОТ 4 е со точка на вриење од 2300С, ДОТ 5 со точка на вриење од 2600С, ДОТ 5.1 со точка на вриење од 2700С.
Во просек глицеринот впива 1-1,5% вода во текот на 1 година а тоа ја смалува точката на вриење на глицеринот. На овие температури доаѓа до испарување на присутната вода во глицеринот создавајќи меури на пареа кои не можат да ја пренесат силата на кочење од педалата преку системот за кочење што може да резултира со пропаѓање на педалата и неуспех во кочењето. Затоа глицеринот не смее да има влага, мора да има висока точка на вриење за да се спречи формирање на меури на пареа.

Глицеринот кој има 1% вода сеуште има добри кочни својства, глицеринот со 2% вода ги смалува способностите на кочење, глицеринот со 3% вода веднаш треба да се промени а глицеринот со над 3% вода е опасен за понатамошна употреба.
Да заклучиме, што е поголем процентот на влага во глицеринот се намалува неговата точка на вриење со што се намалува и силата и ефикасноста на кочење.
Препорачливо е глицеринот да се менува на 2-3 години или поминати 60000 км.

Автосервисот на АМД Гевгелија располага со уреди и опрема за мерење на влага во глицеринот, и автоматска замена на кочионата течност.

   

 

АМСМ услуги

Амд Гевгелија – АМСМ услуги 

https://www.facebook.com/amdgevgelija/https://www.facebook.com/amdgevgelija/ 

АМД Гевгелија – АМСМ ОСИГУРУВАЊЕ

Амд Гевгелија – соработка со амсм услуги

https://www.facebook.com/amdgevgelija/ 

АМСМ 

ЗА БЕЗГРИЖНИ СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА!– Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.А

Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.

ЕВРОПА ПРЕМИУМ

ЧЛЕНСТВО И ВО ЕВРОПА ИСТО КАКО ДОМА!

БИЗНИС

ЧЛЕНСТВО И ВАШИОТ БИЗНИС НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ!

ЕВРОПА ПРЕМИУМ

ЧЛЕНСТВО И ВО ЕВРОПА ИСТО КАКО ДОМА!

БИЗНИС ЕВРОПА ПРЕМИУМ

ЗА БЕЗГРИЖНИ СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА!

 

АМСМ ЧЛЕНСТВО 

Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – 

Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.  ЕВРОПА ПРЕМИУМ
АВТОМОБИЛСКО
ПАТНИЧКО
ДОМАЌИНСКО 

Амд Гевгелија -АМСМ услуги

Амд Гевгелија – АМСМ услуги

СЕРВИС
034 611 987

Бесплатни услуги

Со извршен технички преглед на ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО  корисниците на услуга ги добиваат следните бесплатни услуги:

  • Превентивен технички преглед во текот на регистрационата година (Важи за сите категории на возила);
  • Бесплатен шлеп до 40 км за дефектно или оштетено возило во сообраќајна незгода од цела територија на Р.Македонија за услуга користена од АМСМ;
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми;
  • Бесплатна замена и балансирање на гуми купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна замена на филтер и масло за мотор, за филтер и масло купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • 20% попуст на работна рака за услуги користени во автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин;

Услугите може да ги користите во зависност од Вашите потреби. Со користење на бесплатните услуги на годишно ниово може да заштедите до 4.000,00 денари;