Search

Техничка Служба

АМД Гевгелија на 20.11.2023 година се стекна со Сертификат за Акредитација Бр.ИТ-137 издаден од Институтот за акредитација со кој се потврдува дека се исполнети барањата на Стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012, тип А за следните дејности:

  • Единечно одобрување на возила L, M, N, O, T, R, C, S;
  • Одобрување на преправено возило во кое дополнително е вграден:
         – Уред за погон на возилото на течен нафтен гас (ТНГ),
         – Заштитни фолии или обоени стакла,
         – Механички уред за спојување на моторните и приклучните возила (кука);
  • Инспекција при утврдување и втиснување на идентификациски ознаки на возилата (број на мотор и број на шасија);
  • Инспекција на аналогни и дигитални тахографи;
  • Инспекција на подготвеност на возилата за сообраќај (ЦЕМТ-ЕКМТ);
  • Инспекција за исполнување на посебно техничко експлоатациони услови ПТЕУ;

Врз основа на исполнетите барања АМД ги доби следните овластувања:

  • 29.01.2024 година Овластување од Министерството за Транспорт и врски за работилница за вршење на работи на инсталирање, проверка контрола и поправка на аналогни и дигитални тахографи.
  • 18.04.2024 година Овластување од министерството за Економија за техничка служба.
  • 10.06.2024 година Овластување од Министерството за Транспорт и врски за издавање на ЕКМТ тест сертификат за подготвеност за собраќај на товарните моторни и приклучни возила.

Хомологација

Единечното одобрување на возила или вообичаениот користен израз „Хомологација“ е...

Повеќе

ЦЕМТ

CEMT сертификатот треба да го поседуваат задолжително сите возила кои...

Повеќе

ПТЕУ

Моторните возила во зависност од видот на јавниот превоз треба...

Повеќе