(Lane Keep Assist System)
Голема е веројатноста дека за неколку десетлетија сообраќајните незгоди ќе станат минато. Стручните тимови на производителите на возила со забрзано темпо работат на усовршување на безбедносните системи и имплементација на еколошки агрегати во возилата кои ја зголемуваат безбедноста и ги намалуваат штетните влијанија на сообраќајот врз животната средина.
Непрописната промената на правецот на движење на возилото (без трепкач и „чекирање“ на ретровизорот) како и заспивање на возачот при управување со возилото беа главната причина за усовршување на технологија (Lane Keep Assist System) која го предупредува возачот односно автономно управува со возилото недозволувајќи напуштање на сообраќајната лента. Системот не е активен доколку е вклучен трепкач.
Lane Keep Аssist системот го сочинуваат радари и камери кои ги детектираат сообраќајните линии на тој начин дефинирајки го полето на движење на возилото.
Системот за предупредување за напуштање на лента (LKAS) во комбинација со Аdaptive Cruise Control сочинуваат една формулација на полуавтономно возило кое во услови на пат надвор од населено место го водат возилото по безбедна траекторија со однапред зададена брзина без активно учество на возачот. Минималната граничната вредност на активација на LKAS системот најчесто е над 40 км/ч каде и е најголема ефективноста на системот.
Необележан коловоз осносно лошата состојба на хоризонталната сигнализација или пак покриеноста на коловозната површина со снег или лисја најчесто претставуваат проблем за успешно функционирање на LKA системот.
Многу производители денес се горди што Lane Keep Аssist System е дел од активната сигурносна опрема во нивната гама на возила.
извор: youtube