Search

А-тест на фолии

Одобрувањето на преправено возило во кое дополнително се вградени фолии за затемнување на стаклата е постапка за испитување на преправено возило со која се врши мерење на пропустливоста на светлината преку стаклата на кои има вградено фолии за затемнување.

Со постапката се утврдува дали се исполнети пропишаните законски барања и дозволената затемнетост на стаклата.

Во возилата може да се вградат одобрени сигурносни стакла, дополнително затемнети, така што пропустливоста на стаклото заедно со налепната фолија да биде најмалку:

  • 75% за ветробранското стакло
  • 70% за предните странични стакла

Погоренаведените ограничувања не се однесуваат за тесната лента која се поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце. На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Потребни документи за отпочнување на постапка за одобрување на преправено возило со вградени фолии:

  • Барање за А-тест (се пополнува во Станицата за технички преглед);
  • Сообраќајна дозвола од возилото или доказ за сопственост ;
  • Записник за А-тест (се изготвува од страна на контролорите во Станицата за технички преглед);
  • Упатница за А-тест (Се издава од МВР до правно лице лиценцирано за вршење на А-тест);

По извршеното испитување, АМД Гевгелија издава потврда за сообразност за преправено/поправено возило и известување до МВР за внесување на преправката во сообраќајна дозвола.

Бесплатни услуги

Со извршен технички преглед на ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО  корисниците на услуга ги добиваат следните бесплатни услуги:

  • Превентивен технички преглед во текот на регистрационата година (Важи за сите категории на возила);
  • Бесплатен шлеп до 40 км за дефектно или оштетено возило во сообраќајна незгода од цела територија на Р.Македонија за услуга користена од АМСМ;
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми;
  • Бесплатна замена и балансирање на гуми купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна замена на филтер и масло за мотор, за филтер и масло купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • 20% попуст на работна рака за услуги користени во автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин;

Услугите може да ги користите во зависност од Вашите потреби. Со користење на бесплатните услуги на годишно ниово може да заштедите до 4.000,00 денари;