Одобрување на преправено возило во кое дополнително е вграден механички уред за спојување на моторните и приклучните возила -кука, е постапка за испитување на преправено возило во кое е вграден уредот.
Со постапката се прави преглед дали уредот поседува хомологациска ознака од производителот, како уредот е вграден на возилото и функционалноста на инсталациите за сигнализација.
Потребни документи за отпочнување на постапка за одобрување на преправено возило со вграден механички уред за спојување на моторните и приклучните возила -кука:
- Барање за А-тест (се пополнува во Станицата за технички преглед);
- Сообраќајна дозвола од возилото или доказ за сопственост;
- Записник за А-тест (се изготвува од страна на контролорите во Станицата за технички преглед);
- Упатница за А-тест (Се издава од МВР до правно лице лиценцирано за вршење на А-тест);
По извршеното испитување, АМД Гевгелија издава потврда за сообразност за преправено/поправено возило и известување до МВР за внесување на преправката во сообраќајна дозвола.