Одобрување на преправено возило во кое дополнително е вграден Уред за погон на возилото на течен нафтен гас (ТНГ), е постапка за испитување на преправено возило со вграден Уред за ТНГ (течен нафтен гас).
При испитување на преправено возило со вграден уред за течен нафтен гас, се испитуваат конструктивните особини, функционалност и техничко-безбедносните својства на преправените односно нововградени уреди, како и нивното влијание врз функционирањето и техничко-безбедносните својства на другите уреди од возилото и возилото во целост.
Потребни документи за отпочнување на постапка за Одобрување на преправено возило со вграден уред за ТНГ:
- Барање за А-тест (се пополнува во Станицата за технички преглед);
- Сообраќајна дозвола од возилото или доказ за сопственост;
- Записник за А-тест (се изготвува од страна на контролорите во Станицата за технички преглед);
- Упатница за А-тест (Се издава од МВР до правно лице лиценцирано за вршење на А-тест);
- Документација од вградувачот на уредот и копија од овластувањето;
По извршеното испитување, АМД Гевгелија издава потврда за сообразност за преправено/поправено возило и известување до МВР за внесување на преправката во сообраќајната дозвола.