Тахографот е мерен уред чија основна функција е да ја бележи брзината на возилото и поминатиот пат но и времето поминато во возење на членовите на посадата на возилото и времето на одмор. Исто така тахографот го бележи времето кое возилото го поминува во движење но и времето на кога возилото не е во движење.
Тахографот е задолжителен за возила чија маса поминува 3,5 тони но и за возила за превоз на патници со повеќе од 9 седишта.
Без разлика дали тахографот е аналоген или дигитален подлежи на инспекција односно калибрација на секои 2 години.
Потребни документи за отпочнување на постапка за инспекција-калибрација:
- Сообраќајна дозвола од возилото;
- Барање за инспекција на тахограф (се пополнува со Станицата за технички преглед)