Моторните возила во зависност од видот на јавниот превоз треба да исполнуваат Посебно техничко експлоатациони услови согласно техничките спецификации за возилата утврдени со Правилникот за единечно одобрување на возило заради обезбедување на квалитетен и безбеден превоз.
ПТЕУ е потребно за возилата кои се наменети за авто-такси превоз, автобусите, возилата за групен превоз на патници со 8+1 седиште, товарните и приклучните возила кои можат да се тегнат со автобусите и товарните возила.
Потврдата за исполнување на посебните технички експлоатациони услови е потребна за добивање на лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
Потребни документи за отпочнување на постапка/преглед за исполнување на ПТЕУ:
- Барање за инспекција на возило за ПТЕУ (се пополнува во Станицата за технички преглед),
- Сообраќајна дозвола од возилото;
- Потврда за калибриран тахограф (за возилата кои законски треба да поседуваат тахограф)