Search

ЦЕМТ

CEMT сертификатот треба да го поседуваат задолжително сите возила кои вршат меѓународен транспорт согласно Европската конвенција за транспорт на Министрите за транспорт (EKMT-CEMT). Сертификатот претставува дозвола за меѓународен превоз на стоки, со него превозникот кој треба да поседува и лиценца за меѓународен превоз на стоки може да обавува неограничен број на превози низ земјите членки на CEMT како и да транзитира преку нивните територии.

CEMT прегледот за товарните моторни и приклучни возила претставува постапка за проверка на возилата со EURO 3, EURO 4, EURO 5, и EURO 6 стандардите. Возилата кои ги исполнуваат стандардите добиваат сертификат кој понатаму на превозниците им служи за аплицирање за годишни EKMT-CEMT дозволи.

Потребни документи за отпочнување на постапка за CEMT преглед:

  • Сообраќајна дозвола од возилото;
  • Сертификат од Министерството за транспорт и врски со МК број;
  • Сертификат за калибриран Тахограф (за товарните возила и влекачи);

Бесплатни услуги

Со извршен технички преглед на ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО  корисниците на услуга ги добиваат следните бесплатни услуги:

  • Превентивен технички преглед во текот на регистрационата година (Важи за сите категории на возила);
  • Бесплатен шлеп до 40 км за дефектно или оштетено возило во сообраќајна незгода од цела територија на Р.Македонија за услуга користена од АМСМ;
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми;
  • Бесплатна замена и балансирање на гуми купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна замена на филтер и масло за мотор, за филтер и масло купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • 20% попуст на работна рака за услуги користени во автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин;

Услугите може да ги користите во зависност од Вашите потреби. Со користење на бесплатните услуги на годишно ниово може да заштедите до 4.000,00 денари;