Search

ABS (Anti-lock braking system)

ABS (Anti-lock braking system) е електронско-хидрауличен механизам, кој со спречување на блокирање на тркалата го скратува запирниот пат и овозможува промена на правец на возење при нагло кочење .

Системот против блокирање на тркалата (ABS), што во механичка изведба во 1966 година Dunlop првпат го вградил во Jensen FF, во електрична во 1971 година во Chrysler Imperial, a светска слава доживеа по усовршувањето од страна на Bosch така што во 1978 година почна да се вградува и во BMW 745i и во Mercedes-Benz 450 SE.

Во техничка смисла овој електронско – хидрауличен систем во склоп со управувачката единица која се темели на информациите од сензорот за следење на вртежите на тркалото, го дозира моментот на кочење на секое тркало посебно и го спречува блокирањето. Во моментот кога одреденото тркало ќе застане, се активира сензор кој преку склоп на електромагнетни вентили го намалува притисокот на маслото во цилиндарот за кочење, се додека моментот на кочење не се намали толку да тркалата почнуваат повторно да се вртат. Во тој момент системот ги активира повторно електромагнетните вентили во обратна насока, притисокот на маслото и интензитетот на кочење се зголемува и на границата на блокирање на тркалото повторно се враќа од почеток. Сликовито кажано, уредот врши „кочење на рати“, со зачестеност од неколку десетина циклуси во секунда. Тоа е всушност целата и голема „тајна“ на АВЅ системот.

Play Video

извор: youtube

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации