Search

Ламинирано ветробранско стакло

Предното ветробранско стакло е направено за ги заштити возачот и патниците од надворешните елементи како и за да се подобри  аеродинамиката на возилото.

Со новите технилогии на производство, предните ветробрански стакла се прават од ламинирано сигуроносно стакло, кое е составено од две посебно обликувани стакла споени со заштитна PVB (PolyVinylButyral) фолија која ги задржува залепени и при кршење недозволува да се одвојат паршиња кои би можеле да нанесат повреди на возачот и на патниците, а исто така и ги заштитуваат од штетното UV зрачење.

Play Video

извор: youtube

Play Video

извор: youtube

Во првите автомобили било вградувано стакло кое не било ламинирано и при сообраќајни незгоди доаѓало до големи и тешки повреди како на возачот така и на патниците. Ламинираното стакло во 1903 година, францускиот хемичар Edouard Benedictus  го открил сосема случајно при лабараториски инцидент кога парче стакло што било залепено со пластика (cellulose nitrate) по падот се скршило во ситни парчиња. Овој негов пронајдок не бил веднаш прифатен како револуционерен од страна на автопроизводителите.

Предното ламинирано ветробранско стакло е вклучено во производство на возила од страна на Хенри Форд (Henry Ford) во 1919 година по опсежните испитувања за предноста на ламинираното стакло.

Ламинираното стакло во Европа е употрбувано најпрво од Јагуар (Jaguar) и Порше (Porsche).
Најновите технологии за производство на ламинирано стакло користат нано технологија имаат поголемa UV и  IR заштита и подобра видливост и овозможуваат поставувањето на греачи и антени за навигација и радиоприем во процесот на производство на ламинирано ветробранско стакло.

Возилата кои гравитираат на европското возно подрачје во однос на стаклата кои ги поседуваат треба да ги исполнуваат барањата на ECE (Економската Комисија на Обединетите нации за Европа) согласно регулативата R 43 односно да се изработени според стандардот ЕN 12600.

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации