Недела 7- ми Мај, 2023, по прв пат на „off road“ патеката во должина од 4,750 метри, специјално изградена во месноста Курија, крај Негорските Бањи се одржа Гевгелискиот Велотлон 2023.
42 натпреварувачи од Гевгелија, Богданци, Штип, Скопје, Битола, Куманово, Македонски Брод, Кавадарци, Струга, Радовиш, Велес, Струмица, Кратово и Неготино, пред голем број гледачи, се натпреваруваа во возење на велосипед, совладување на препреки и трчање по ридска патека.
Да се потсетиме на случувањата!