Search

ЈАВЕН ПОВИК бр.4 – За изработка мултимедијално анимирано 3D видео

За изработка мултимедијално анимирано 3D видео

  1. Општи одредби

 

1.1 Набавувач: АМД Дичо Панов Гевгелија со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.8   1480 Гевгелија, тел: 034-213-987;

1.2  Предмет на набавката: Изработка на мултимедијално видео за потребите на проектот Гевгелија Вело град спортска манифестација од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон;

1.3 Времетраење на мултимедијалното анимирано 3D видео: Не помалку од 60 не повеќе од 100 секунди;

1.4 Мултимедијалното анимирано 3D видео треба да биде изработено во рок од 60 дена од денот на известувањето на најповолниот понудувач дека е избран за најповолен понудувач по овој јавен повик;

1.5 Повикот е јавен и отворен, право да поднесе понуда има секое заинтересирано правно лице регистрирано за изведување на ваков вид на работи или физичко лице кое изработува мултимедијални анимирани видеа;

1.6 Постапката за повик се спроведува со објава на WEB страната и Facebook профилот на АМД Гевгелија

чиј основач е АМД Дичо Панов Гевгелија и со достава на јавниот повик до потенцијални понудувачи;

 

  1. Содржина на мултимедијалното анимирано видео

 

  • Содржината на мултимедијалното анимирано видео се составен дел од овој јавен повик;
  • Понудувачот може да предложи изменети или дополнети содржини во понудата што ќе ја достави а кои генерално не отстапуваат од идеата приложена во содржината на мултимедиалното видео;

 

  1. Содржина на понудата

 

3.1 Понудата треба да биде изработена согласно барањето на јавниот повик, а може да се достави и изменети или дополнети содржини;

3.2 Проектот Гевгелија Вело град е ослободен од ДДВ па согласно тоа сите цени треба да бидат изразени во МКД без вклучен ДДВ;

3.3 Понудувачот треба да достави: Податоци за понудувачот (Име, адреса, матичен број, контакт), вредност на работите без вкалкулиран ДДВ, рок на изведба на работите, начин на плаќање (профактурно, одложено), и цена на понудата во денари;

 

  1. Рок и начин на доставување на понудите

 

  • Рок на доставување на понудите: 7 работни дена од објавата на јавниот повик;
  • Понудите се доставуваат по пошта или директно во архивата на друштвото или на официјалниот E-mail amd@amdgevgelija.mk

 

  1. Критериум за избор на најповолен понудувач

 

  • Најповолниот понудувач ќе се избере од страна на Комисијата за јавни набавки согласно следниот критериум;

-Најниска цена;

Бр. _______
__________ 2022 год.
Гевгелија

АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија
Комисија за јавни набавки Гевгелија Вело град
Проект менаџер
Виктор Гавровски

Содржина на мултимедијалното анимирано видео (сцени со опис) во траење од 60-100 секунди

Сцена

Опис

Забелешка

1.

Почетен кајрон на велосипедист  и текст Гевгелиски Велотлон – Велосипедски спортски настан од натпреварувачки карактер

3-5 секунди

2

Натпреварувачот спремен за старт на стартна позиција до него стартер кој на одредена минутажа на семафорот пример 12:00 му дава сигнал за старт, натпреварувачот го започнува возењето

3-5

3.

Натпреварувачот вози по Off road обележана велосипедска патека низ живописен предел обраснат со вегетација/дрвја по нерамен предел нагорници и надолници поминувајќи помеќу дрвјата долж патеката

4-6

4.

Натпреварувачот доаѓа до контролна точка на која има неколку последователни хоризонтални препреки се симнува од велосипедот го нарамува велосипедот на раме и трча преку препреките со нарамен велосипед се додека не ја совлада препреката, после совладувањето на хоризонталните препреки повторно се качува на велосипедот и продолжува со возење по Off road обележана велосипедска патека низ живописен предел обраснат со вегетација/дрвја по нерамен предел нагорници и надолници поминувајќи помеќу дрвјата долж патеката

6-8

5.

Натпреварувачот доаѓа до препрека со спуштачки скали се симнува од велосипедот го нарамува велосипедот на раме и одејќи или трчајќи се спушта по скалите со нарамен велосипед се додека не ја совлада препреката, после совладувањето на препреката со спуштачки скали повторно се качува на велосипедот и продолжува со возење

6-8

6.

Натпреварувачот доаѓа до просторот за паркирање на велосипедите, го остава велосипедот на паркинг рамката и продолжува со трчање

4-6

7.

Натпреварувачот трча по обележаната патека повторно низ живописен предел обраснат со вегетација/дрвја по нерамен предел нагорници и надолници поминувајќи помеќу дрвјата долж патеката

3-5

8.

Натпреварувачот доаѓа до стартната позиција на полигонот за препреки и пристапува кон совладување на првата препрека

3-5

9.

Натпреварувачот се искачува по првата препрека (Вертикална скала) до највисоката точка, се префрла и се симнува  по препреката по што продолжува со трчање што е можно побрзо до следната препрека

4-6

10.

Натпреварувачот доаѓа до втората препрека (Цик-цак) и почнува со совладување, откога ќе ја совлада продолжува со трчање што е можно побрзо до следната препрека

4-6

11.

Натпреварувачот доаѓа до третата препрека (дрвена мајмунска решетка) ја совладува со рацете висејќи со телото, откога ќе ја совлада продолжува со трчање што е можно побрзо до следната препрека

4-6

12.

Натпреварувачот доаѓа до четвртата препрека (Горе-доле) ја совладува прескокнувајќи преку повисоката а протнувајќи се под пониската препрека, откога ќе ја совлада продолжува со трчање

4-6

13.

Натпреварувачот продолува со трчање по живописен предел и доаѓа до рампата каде го зема велосипедот и продолжува со возење

3-5

14.

Натпреварувачот вози повторно низ живописен предел доаѓа на целната рамнина каде бодрен од публика  поминува низ целта

4-6

15.

Кајрон Натпреварувач на велосипед Гевгелиски велотлон место на одржување Гевгелија,  ——–05.2022 година

3-5

16.

Завршен кајрон: Проектот Гевгелија Вело град на АМД Дичо Панов Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во западен балкан 2 ReLOaD2 која е финансирана од Европската Унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Тука се ставаат логоата на ЕУ, ЕУ за тебе, АМД Дичо Панов  и АМСМ, Општина Гевгелија и УНДП

3-5

 

Вкупно 17 сцени

93 секунди

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).