Search

ЈАВЕН ПОВИК бр.5 – За Ангажирање На Механизација

 За ангажирање на механизација

АМД Дичо Панов Гевгелија преку проектот  Гевгелија – Вело град кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (РеЛОаД2), финансирана од Европската Унија, а спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува

  1. Општи одредби

 1.1 Набавувач: АМД Дичо Панов Гевгелија со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.8   1480 Гевгелија, тел: 034-213-987;

1.2  Предмет на набавката: Ангажирање на механизација (минибагер) за равњење и расчистување на терен за велосипедска Off road патека и полигон со препреки (прва фаза) за потребите на проектот Гевгелија Вело град спортска манифестација од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон;

1.3 Времетраење на ангажирањето на механизацијата се проценува на приближно 30 работни часови на КП бр.4036/1 КО Негорци и во нејзина близина;

1.4 Равњењето и расчистување на терен за велосипедска Off road патека и полигон со препреки (прва фаза) треба да биде изработено во рок од 10 дена дена од денот на известувањето на најповолниот понудувач дека е избран за најповолен понудувач по овој јавен повик;

1.5 Повикот е јавен и отворен, право да поднесе понуда има секое заинтересирано правно лице регистрирано за изведување на ваков вид на работи;

1.6 Постапката за повик се спроведува со објава на WEB страната и Facebook профилот на АМД Гевгелија чиј основач е АМД Дичо Панов Гевгелија и со достава на јавниот повик до потенцијални понудувачи;

 

  1. Содржина на понудата

2.1 Понудата треба да биде изработена согласно барањето на јавниот повик опишано во општите одредби, и треба да содржи цена од работен час за ангажираната механизација;

2.2 Проектот Гевгелија Вело град е ослободен од ДДВ па согласно тоа сите цени треба да бидат изразени во МКД без вклучен ДДВ;

2.3 Понудувачот треба да достави: Податоци за понудувачот (Име, адреса, матичен број, контакт), вредност на работите без вкалкулиран ДДВ, рок на изведба на работите, начин на плаќање (профактурно, одложено), и цена на понудата во денари;

 

  1. Рок и начин на доставување на понудите
  • Рок на доставување на понудите: 7 работни дена од објавата на јавниот повик;
  • Понудите се доставуваат по пошта или директно во архивата на друштвото или на официјалниот E-mail amd@amdgevgelija.mk
  1. Критериум за избор на најповолен понудувач
  • Најповолниот понудувач ќе се избере од страна на Комисијата за јавни набавки согласно следниот критериум;

-Најниска цена;

Бр. _______
__________ 2022 год.
Гевгелија

АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија
Комисија за јавни набавки Гевгелија Вело град
Проект менаџер
Виктор Гавровски

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).