АМД Дичо Панов Гевгелија кој го спроведуваше проектот Гевгелија Вело Град по завршувањето на проектот на 31.05.2023 година на Општина Гевгелија и ги отстапи на користење 10-те велосипедски паркинг рампи со вкупен капацитет за 60 велосипеди кои ги користеше за време спортскиот настан со натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон.
Отстапената велосипедска инфраструктура Општина Гевгелија ќе ја распореди на места во општината и градот Гевгелија каде смета дека е најмногу потребна.
Чинот на отстапување на велосипедските паркинг рампи беше искористен и за работна средба со Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов на која се разговараше и за понатамошните активности за подигање на свеста за поголемо користење на велосипеди, планирање и изградба на велосипедска инфраструктура, планирање и организација на спортски настани за велосипедизам, надградба на Велотлон патеката во месноста Курија каде се одржа првиот Гевгелиски Велотлон, активности со кои ќе се даде поддршка на формираниот Гевгелија Точак Клуб за средување на клубските простории и организација на вело активности.
На средбата Градоначалникот беше информиран дека АМД Дичо Панов Гевгелија покренува иницијатива за регистрација и воспоставување на Велотлон патеката како планинска патека согласно Законот за планински патеки која обединува активности за пешачење, трчање и off road возење на велосипед.
На средбата беше изразено задоволството од спроведениот Проект Гевгелија Вело Град и организираниот несекојдневен спортски настан Гевгелиски Велотлон за кој Градоначалникот посака истиот да прерасне во традиција.