Search

Презентација на Проектот Гевгелија Вело град

На 28.12.2022 година во малата сала на Театарот во Гевгелија се оджа презентација на Проектот Гевгелија Вело град. На презентацијата и работилница по овој проект присуствуваа Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, Претседателот на Велосипедската Федерација на Македонија Сашо Димитријовски како и 50-тина претставници на државни институции, јавни претпријатија трговски претпријатија, и заинтересирани граѓани.

Проектот за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите има за цел да укаже на одредени состојби како и зголемени потреби со крајна цел создавање на подобри услови за велосипедистите во Општина Гевгелија. На промоцијата се промовираше и Видео спот за подигање на свеста за велосипедизмот, Прирачник за добри практики од областа на велосипедизмот (со добри практики од европски градови, градови од западен балкан како и добри практики од Македонија), а се промовираше и одржување на првиот Гевгелиски Велотлон (спортски настан од натпреварувачки карактер возење велосипед по Off road патека, трчање и совладување на пешадиски препреки) кој треба да се одрѝи кон средината на месец мај 2023 година.

На работилницата присутните можеа да разменат мислења и предлагаат идеи за подобрување на состојбите и инфраструктурните потреби за создавање на подобри услови за велосипедистите во Општина Гевгелија.

„Гевгелија Вело град“ е проект на АМД Дичо Панов Гевгелија за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите во Општина Гевгелија. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан 2 – ReLOaD2 Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ) Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП UNDP MK.

#ReLOaD, #ReLOaDMK #LocalDemocracy #WesternBalkans

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).