Search

Врачени наградите на победниците на Гевгелискиот Велотлон

АМД Гевгелија која го обезбеди наградниот фонд од 30.000,00 денари на пригодна средба во Станицата за технички преглед на друштвото ги врачи наградите на победниците на Гевгелискиот Велотлон. На Даниел Анчев кој го освои 1-вото место му беше врачена парична награда од 15.000,00 денари, на Мите Досков кој го освои 2-рото место му беше врачена парична награда од 10.000,00 денари а на Влатко Семенаков за освоено 3-то место му беше врачена парична награда од 5.000,00 денари.

            На средбата со победниците на Гевгелискиот Велотлон се разговараше и за идеата за организацијата на еден ваков натпревар, подготовките и организација на натпреварот стекнатите искуства, сугестии и идни планови.

            Победниците на Гевгелискиот Велотлон ја поздравија идеата за организација на натпреварот кој го оценија како перфектно осмислен и организиран со перфектно подготвена и обележана Велотлон патека, со надеж дека истиот ќе прерасне во традиција. Победниците на организаторот му сугерираа во иднина наградниот фонд да се подели на повеќе категории на учесници.

            И победниците и организаторот на натпреварот изразија надеж дека велотлон патеката во иднина ќе прерасне во рекреативен центар и ќе се користи од велосипедистите и другите спортисти и рекреативци како за возење на велосипед по off road патеката, за трчање и совладување на препреки и дека Општина Гевгелија ќе го препознае потенцијалот на Велотлон патеката и во иднина ја надгради со други содржини во интерес на сите граѓани.

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).