На 30.03.2023 година ја одржавме 4-тата од предвидените работилници за велосипедизам во основните училишта во Општина Гевгелија. Посебно сакаме да нагласиме дека во ОУ Владо Кантарџиев од Гевгелија беше пројавен досега најголем интерес за посета на работилницата за велосипедизам на која беа присутни над 60 ученици.
Радува фактот што учесниците на трибинате активно се вклучуваат со свои прашања за време на работилницате и после нивниот завршеток и што покажуваат солидни познавања за сообраќајните правила и прописи посебно кога учествуваат во сообраќајот како велосипедисти.
Особено радува фактот што учениците се свесни и укажуваат на слаба и несоодветна сообраќајна инфраструктура не само во Гевгелија туку и во цела Општина што е сигнал до најповиканите во Општина Гевгелија дека во иднина и на ова прашање треба да посветат посебно внимание.
Работилницата се одржува во рамки на Проектот Гевгелија Вело град кој е финансиран од ЕУ а го спроведува програмата за развој на Обединетите нации УНДП.