Search

ЈАВЕН ПОВИК – за финансирање на проекти од областа сообраќај

Согласно член 13 од Статуот на АМД Дичо Панов Гевгелија односно неговите цели и задачи, како и Планот за работа на друштвото за 2023 година бр.0202-26/1-13 од 07.03.2023 година, Претседателството на АМД Дичо Панов Гевгелија на својата 3 седница одржана на ден 26.06.2023 година го утврди текстот и објавува

ЈАВЕН ПОВИК

 

  1. АМД Дичо Панов Гевгелија согласно статутарните цели и задачи ќе финансира проекти од областа на сообраќајот (едукации, обуки, кампањи, спортски натпревари и други активности кои имаат допирна точка со сообраќајот.);
  2. Право на учество имаат здруженијата на граѓани од Општина Гевгелија кои имаат допирна точка со сообраќајот;
  3. Вкупниот буџет по јавниот повик изнесува 120.000,00 денари;
  4. Буџетот на поединечен предлог проект може да биде минимум 10.000,00 но не треба да надминува 30.000,00 денари.
  5. Формуларот за поднесување апликации може да се симне од веб страната на АМД Дичо Панов Гевгелија amdgevgelija.mk ;
  6. Јавниот повик за поднесување на предлог проекти е отворен до 20.08.2023 година;
  7. Предлог на проектите заинтересираните установи и здруженија ги поднесуваат во архивата на друштвото или доставуваат на адреса ул. Филип Втори Македонски бр.8 Гевгелија;
  8. Евалуацијата на поднесените проекти ќе се изврши најкасно до 31.08.2023 година;
  9. Период на спроведување на проектите Септември-Ноември 2023 година;

Бр.0202-39/3-3
26.07.2023
Гевгелија

АМД Дичо Панов Гевгелија
 Претседател
 Ристо Колчев